(ВИДЕО) Се судрија хеликоптери во Њу Џерси – едниот пилот загина, другиот е тешко повреден

Од:

Во судир на два хеликоптери во воздух во американската држава Њу Џерси, едно лице загина, додека друго е повредено, соопштија надлежните органи.

Според информациите од Федералната администрација за воздухопловство (FAA), хеликоптерите „Енстром Ф-28А“ и „Енстром 280Ц“ се судрија денеска околу 11:25 часот по локално време во близина на општинскиот аеродром Хамонтон во јужниот дел на Њу Џерси.

Во времето на несреќата, во двата хеликоптери биле само пилотите.

Снимките од местото на несреќата, објавени од американските медиуми, покажуваат како еден од хеликоптерите неконтролирано се врти во воздух пред да падне на земја. По пристигнувањето на теренот, членовите на противпожарната служба го изгаснаа пожарот што го зафати едно од леталата.

Хеликоптерите се урнаа на поле во областа Хамонтон, а двајцата пилоти беа префрлени во најблискиот трауматолошки центар.

Едниот од нив им подлегна на повредите, додека другиот е на лекување.

Истрагата за причината за несреќата ќе ја преземе Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), со поддршка на FAA.

Противпожарната служба на Хамонтон апелираше до граѓаните да не се приближуваат до местото на несреќата, додека реагираат службите за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Договорот за набавка на хеликоптери од италијански „Леонардо“ ќе се почитува

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода врз пожарот кај охридското село Косел

A1on

Набавката на хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе чини 249,9 милиони евра, информира Петровска

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Италијанската „Леонардо“ избрана за најповолен понудувач од каде треба да се набават хеликоптери за Армијата

Владата донесе одлука да донира хеликоптери на Украина