Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

Од:

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.

Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.

– Со наша механизација се расчистува лимениот покрив, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он