А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

by А1он27/12/2025 - 12:4027/12/2025 - 16:162461
Share0

СДСМ поднесува нова претставка до Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија, поради навредливиот, простачки, недоличен речник на Бранко Героски, одговорен уредник на порталот Плусинфо.мк и ширењето омраза.

Следете a1on на Instagram Instagram

Героски користи говор кој не претставува ниту критика, ниту новинарски став, туку лични навреди, пцости и деградирачки квалификации насочени кон СДСМ, сите членови на СДСМ, раководството, претседателот на партијата.

Во претставката ги наведуваме сите навреди и пцовки на Героски, ширењето омраза заедно со целосната содржина на објавените авторски текстови. Од над 20 примери издовјуваме дел од зборовите на Героски:

• „Штабот на будалите“
• „Венко, ти си будала, човече!“
• „Можат овие од Бихаќка да јадат лајна колку сакаат“
• „Имате уште гомна за јадење, шапшали?“
• „тупави партиски апаратчици“
• „што ја почнаа будалите„

Следете a1on на Youtube YouTube

Овој речник нема никаква врска со слободата на изразување или со остар политички коментар. Напротив, станува збор за лична пресметка, омраза кон СДСМ, членовите, раководството, претседателот на СДСМ, и претставува злоупотреба на медиумскиот простор со директно нарушување на професионалните и етичките стандарди во новинарството.

Целосно спротивни на повеќе одредби од Етичкиот кодекс на новинарите:

• Член 10 – „Новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.“
• Член 15 – „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.“
• Член 16 – „Новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.“

Очекуваме соодветна реакција од ЗНМ како водечка национална организација која ги обединува новинарите за заштита на слободата на говорот, независноста на медиумите и почитување на највисоките европски стандарди за работа на медиумите и новинарите, и како здружение чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди, наведуваат од СДСМ.

gerovskisdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Горан Наумовски05/06/2026 - 15:36

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 11:34

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

Горан Наумовски03/06/2026 - 09:49

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 13:3602/06/2026 - 13:37

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

Горан Наумовски31/05/2026 - 11:07

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

Горан Наумовски31/05/2026 - 10:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто