Курти: Косово и Србија мора да ги нормализираат односите

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово и Србија мора да ги „нормализираат“ своите односи, неколку дена пред парламентарните избори на кои Курти се стреми да обезбеди продолжување на својот мандат со посилна поддршка.

Курти е на чело на владата од 2021 година, а претходните договори со Србија – која не ја признава независноста на поранешната покраина – сè уште не се целосно спроведени.

– Мора да ги нормализираме односите со Србија – рече Курти.

– Но, нормализирањето на односите со авторитарен сосед кој не ве признава, па дури ни не ги признава злосторствата извршени за време на војната, е доста тешко – додаде тој.

Тензиите меѓу двете земји редовно се високи, а новите немири би можеле да ѝ дозволат на Русија да го дестабилизира Косово.

Курти потсети на договорот за нормализација од 2023 година, постигнат под покровителство на Европската Унија, и нагласи дека неговото спроведување вклучува меѓусебно признавање, барем де факто.

За да продолжи дијалогот, Србија „мора да го предаде Милан Радоичиќ“, Србин обвинет за планирање напад на северот на Косово во 2023 година, рече Курти, надевајќи се дека ЕУ, Франција и Германија ќе извршат притисок врз Белград.

Руското влијание е исто така присутно, бидејќи Србија никогаш не ги прекинала врските со Москва и зависи од неа за енергија.

– Постојат многу врски меѓу двете земји и, доколку Русија одлучи да го дестабилизира регионот, може да смета на Србија како сојузник. Ова ја загрижува нашата земја – додаде Курти.

Би можело да ве интересира

Курти влезе во кафуле, настана хаос – сопственикот го затвори локалот

А1он

Курти најави заедничката воена единица на Косово и Албанија – Србија порачува: Приштина се заканува со конфликти

А1он

Вучиќ: Курти целосно го изгуби разумот

Горан Наумовски

Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието на Косово до крајот на месецот

А1он

Курти ги поддржа САД по нападот врз Иран: Тоа е наш пријател, демократска суперсила која треба да се поддржи

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски