Левица: Тефтерчето во погон – Мицкоски го скрои правосудството по шаблон

Од:

Додека јавноста се надеваше дека по смената на Љупчо Коцевски може да се отвори барем минимален простор за професионализација и департизација на обвинителството, Советот на јавни обвинители ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должност државен јавен обвинител. Станува збор за истата обвинителка која барала да падне предметот „Талир“ – случајот за нелегално финансирање на ДПМНЕ, велат од Левица.

„Дополнителната „случајност“ што таа е сопруга на поранешен заменик-министер за надворешни работи од редовите на ДПМНЕ, Илија Исајловски, очигледно воопшто не претставувала проблем ниту за Советот на јавни обвинители, ниту за владејачкото мнозинство кое гласно се колнеше во реформи, независност и расчистување со старите практики.

Со овој избор, Христијан Мицкоски конечно може да земе здив. По месеци глумење гнев кон правосудниот систем, закани и спектакуларни настапи, денес повторно гледаме дека проблемот за ДПМНЕ никогаш не бил партизацијата, туку тоа што тефтерчето не било во нивни раце. Сега, повторно се местат коцките.

Потсетуваме дека ова е делче од јасно препознатлив шаблон. Во декември минатата година, во Судскиот совет се инсталираше Данка Ристова – сопруга на ексградоначалникот на Радовиш од редовите на ДПМНЕ, Ацо Ристов.

Во јули годинава, истиот тој Судски совет продолжи со дисциплинирано спроведување на кадровските желби на новата власт, кога за вршител на должност претседател на Кривичниот суд беше избрана судијката Даниела Димовска, иако беше единаесетта рангирана на листата. Димовска има јасно партиско минато како поранешна асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев и советничка на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, додека нејзиниот сопруг е вработен во кабинетот на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Актуелниот избор на в.д. Републички јавен обвинител е логичен продолжеток на истата операција на целосно ставање под контрола и на обвинителството, со цел обезбедување мир, комоција и неказнивост за владејачката елита. Затоа довербата на граѓаните во правосудството ќе продолжува да тоне, додека довербата на ДПМНЕ во истите тие институции почнува да расте.

Левица предупредува дека ова не е никаква промена, туку продлабочување на гнилиот систем. Мицкоски не само што не раскина со груевизмот и заевизмот, туку го надградува со уште порафинирани механизми на политичка контрола. Правдата повторно не се избира по закон и интегритет, туку по партиска подобност. А кога и обвинителството станува продолжена рака на власта, државата престанува да биде правна и станува заробена, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира