(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

Од:

Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“. Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување. Мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа, изјави Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите. Не, тоа не се мигранти, ова се „економски работници“. Токму затоа и го сменија Законот за странци. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има „стратешки парнер“ секако.

Значи сѐ е подготвено. Резолуција во Собрание против слободата на говорот, Закон за странци, доаѓаат „економски работници“. Може да ги нарекуваме „економски работници“ сѐ додека Мицкоски не им додели пасоши, а потоа – ќе станат рамноправни граѓани на Македонија, со сите права што следуваат. Договор си е договор. Засега, во буџетот „недостига“ само една милијарда евра. Само ДПМНЕ не се грижи за ништо. За граѓаните нема пари, но има доволно пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери, кажа Цветановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?