Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта, исто и бродовите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека танкерите за нафта запленети од САД покрај брегот на Венецуела ќе останат во посед на САД.

На прашањето на новинарите за нафтата на првиот танкер што беше запленет на 10 декември, Трамп рече: „Ќе ја задржиме“. Додаде дека нафтата може да се користи за стратешки резерви.

„Ги задржуваме и бродовите“, рече Трамп.

Во декември, крајбрежната стража на САД заплени два танкери за нафта во Карибите, а медиумите известуваат дека од неделата се следи трет брод, кој се смета за дел од таканаречената флота во сенка што ја користи Венецуела за заобиколување на санкциите.

На Truth Social минатата недела, Трамп објави дека ќе воведе „ЦЕПЛОСНА И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА НА СИТЕ САНКЦИОНИРАНИ НАФТНИ РЕЗЕРВОАРИ што влегуваат и излегуваат од Венецуела“.

Трамп го оправда потегот велејќи дека јужноамериканската земја украла нафта, земјиште и други средства од САД и дека тие треба да бидат вратени.

Владата на Венецуела го отфрли барањето, нарекувајќи го „гротескна закана“ и сериозно кршење на меѓународното право.

Венецуела ги национализираше нафтените полиња на почетокот на 2000-тите, што влијаеше врз американските и другите странски компании. Ова доведе до спор околу надоместокот.

Одговарајќи на прашања од новинарите во понеделник, Трамп потврди дека разговарал со големите американски нафтени компании чии средства биле запленети, но одби да открие детали за разговорите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Измислици и злонамерни клевети, Кина реагираше на обвинувањата од Трамп

ВИДЕО: САД ги прошири нападите врз Иран со таргетирање на мостови и пристаниште, Катар повторно под ракети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп жестоко ја обвини Кина во говор кој дел од големите ТВ мрежи одбија да го пренесуваат

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829

Трамп: Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина