Објавени се имињата на жртвите во сообраќајката во Србија, преживеаниот е во кома

Од:

Шкелзен Авдиу, единствениот преживеан во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот А1 во Србија, се наоѓа во кома и е хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.

Во трагедијата што се случи кај населбата Умчари, во близина на српскиот главен град, загинаа возачот Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен Авдиу.

Несреќата се случи во претпладневните часови, кога патничко возило „сеат“ со германски регистарски таблички излетало од коловозот, удрило во заштитната ограда и завршило во сообраќаен знак.

Надлежен судија издал наредба за обдукција на починатите, како и за техничко вештачење на возилото.

Според првичните информации, се претпоставува дека возачот ја загубил контролата над возилото поради замор, а не е исклучена можноста и да заспал зад воланот.

Би можело да ве интересира

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Откриен планот на Путин, цел му се најголемите украински градови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Затворени мостови, мртви и повредени по руски напад на Киев

ВИДЕО: Украина првпат употреби сопствена балистичка ракета, Киев не открива што било цел

Катерина Ѓуровски

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Страотен напад на Киев, убиено дете