Откажани и пренасочени летови на скопскиот аеродром, маглата направи хаос

Од:

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска – 20 декември 2025, од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови, информираат од ТАВ Македонија.

– Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден. Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен.Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Магла на Плетвар, влажни коловози

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес