Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што доцнат

Од:

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија апелираат до сите патници дека временските услови се менуваат постојано и во однос на нивните летови да ги следат насоките кои им ги дава нивната авиокомпанија.

-Денеска, 20 декември 2025, од 00:00 часот до 14 часот, на Меѓународниот Аеродром Скопје има 5 откажани летови, 2 пренасочени летови и 6 летови со доцнење, како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина. Од 12 часот временските услови се подобрија, така што 3 лета пристигнаа (од Дортмунд, Истанбул и Париз), 1 лет полета (за Истанбул), а 3 лета се спремни да полетаат (за Осло, Љубљана и Баден-Баден), информираат за МИА од ТАВ Македонија.

Маглата, што го зафати денеска Скопје го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци.

Би можело да ве интересира

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Опасни услови на патиштата – магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Внимателно возење: Магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он