Полскиот претседател го обвини Зеленски: Не ја цените доволно нашата помош за Украина

Од:

Полскиот претседател Карол Навроцки денес му рече на својот украински колега Володимир Зеленски дека Украинците не ја ценат полската помош во војната против Русија.

Обвинението, изнесено на заедничка прес-конференција во Варшава, потсетува на драматичната конфронтација меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во февруари, кога американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го обвини украинскиот лидер за непочитување и неблагодарност кон американската помош.

Полска прими повеќе од еден милион украински бегалци од почетокот на руската инвазија во 2022 година и е меѓу главните добавувачи на оружје на Украина. Таа е исто така главната рута за испраќање западна воена и хуманитарна помош во земјата разорена од војна.

„Полјаците сметаат дека нашиот напор, повеќекратната помош за Украина од почетокот на целосната инвазија, не е доволно ценета или разбрана“, рече полскиот претседател.

Тој додаде дека му го пренел ова на Зеленски во „решителен и искрен, но и срдечен разговор“.

Зеленски нагласи дека „Украина отсекогаш ѝ била благодарна на Полска и ќе остане така“.

Тој рече дека Украина „ја брани Европа“ од Русија со многу висока човечка цена.

Би можело да ве интересира

Залужни: Зеленски е виновен за пропаѓањето на контраофанзивата

А1он

Зеленски ја обвини Русија за одложување на мировните преговори

А1он

Варшава најавува пресметка со Москва околу „советската доминација“

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

Зеленски: Не можам да размислувам за Путин и неговите „отровни амбиции“ – секој ден е нов живот

А1он

Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега