Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Од:

Уапсен е возач во Кавадарци кој управуваше возило под дејство на алкохол и предизвика сообраќајна незгода.

Како што информираат од МВР, на крстосница од улица „Народен Фронт“ и улица „Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го уапсија А.М.(35) од Кавадарци.

Претходно, тој со возило „форд“ удри во паркирано возило „сузуки“ паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци.

При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го управува возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта