Нова кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица Костадинов

Од:

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против поранешниот градоначалник на општина Струмица К.К. (35) и против Б.Ш. (64), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против И.Г. (54) од Струмица, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според МВР, пријавената И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при општина Струмица, постапувала спротивно на одредбите од Законот за даноците на имот. Во четири наврати таа ги пречекорила своите овластувања изготвувајќи решенија за даночно ослободување од данок на промет на недвижен имот при продажба на станови во станбена куќа со наменска класификација А1.

Даночното ослободување било одобрено со повикување на член 25 од Законот за даноците на имот, иако законските одредби се однесуваат исклучиво на станбени згради и станови со класификација А2.1, а не на станбени куќи со номенклатура А1.1, за кои биле донесени спорните решенија. Дополнително, во три од четирите случаи, И.Г. се потпишала и во полето „Потврдил/контролирал“, иако за тоа бил надлежен друг службеник.

Пријавениот Б.Ш., како раководител на Секторот за финансиски прашања, и К.К., како тогашен градоначалник на општина Струмица, според пријавата, несовесно постапувале при вршењето на службените овластувања и не извршиле должен надзор, при што ги потпишале изготвените решенија за даночно ослободување.

Со овие дејствија, како што информира МВР, на буџетот на општина Струмица му била нанесена материјална штета во износ од 668.388 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за поранешниот градиначалник на Струмица Костадин Костадинов

Костадинов: Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Костадинов: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со огнот нема играчка

А1он

(ВИДЕО) Голем пожар кај Струмица

А1он