(ВИДЕО) Филипче од Брисел: Власта ја турка Македонија во авторитаризам

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брисел упати силна порака дека демократијата во Македонија е под сериозна закана и побара поддршка од европските институции и прогресивните политички сили.

„Борбата за слободата и демократијата во Македонија бара заедничка акција и солидарност. Донесената срамна резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието претставува директен удар врз демократијата, слободата на говор и политичкото дејствување“, истакна Филипче.

Тој оцени дека носењето неуставна резолуција насочена против опозицијата е јасен сигнал за опасно лизгање кон авторитаризам.
„Кога парламентот носи акти со кои се замолчува опозицијата, државата престанува да биде демократска и влегува во режим“, нагласи Филипче.

Според него, актуелната власт има за цел да ја забрани и парализира работата на опозицијата, да воспостави еднопартиска држава и да ја задуши слободата на говор.
„СДСМ тоа нема да го дозволи. Ќе ја одбраниме демократијата, слободата и европската иднина на државата“, порача тој.

Филипче најави дека во Брисел ќе побара поддршка од европските институции, од сите прогресивни и демократски сили, како и од сестринските социјалдемократски и социјалистички партии.

„Македонија мора да остане слободна, демократска и европска држава. Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократија“, истакна Филипче, повикувајќи на обединување на сите граѓани без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски