(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Од:

Советникот од Левица во Советот на Општина Аеродром, Горан Костовски, на прес-конференција алармираше дека лунапаркот „Зимзоленд“ и понатаму работи и покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за можна општа опасност.

Според Костовски, наместо итна реакција и затворање на објектот, градоначалникот се повикува на процедури и рокови, со што ја префрла одговорноста и ја остава безбедноста на граѓаните, особено на децата, во втор план.

Тој потсети дека законот е јасен и налага веднаш затворање на објект кога постои опасност по безбедноста, но оцени дека во овој случај законските одредби не се применуваат. Костовски нагласи дека и покрај констатираните пропусти од повеќе инспекциски служби, предупредувањата од Град Скопје и јавните реакции, досега нема преземено ниту една конкретна мерка за затворање на лунапаркот или отстранување на опасните реквизити.

Советниците од Левица, како што рече, јавно побарале општината да постапи, но наместо конкретни чекори добиле само уверувања дека „процедурата е во тек“.

На крајот, Костовски упати јавно прашање дали институциите ќе реагираат навреме и ќе ја преземат одговорноста, или повторно ќе чекаат трагедија за да постапат.

Би можело да ве интересира

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

(ВИДЕО) Исмаил: Резолуцијата ја осудува опозицијата место да ја ограничи владата за внес на мигранти

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев