Лавров: Европа се обидува да ги поткопа американските предлози за решавање на војната во Украина

Од:

Европа се обидува да ги поткопа конструктивните предлози на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за решавање на кризата во Украина, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ја осудивме практиката на користење еднострани принудни мерки што го поткопуваат меѓународното право. Тоа е особено очигледно сега во контекст на украинската криза, кога Европа се обидува да ги поткопа конструктивните аспирации на администрацијата на Доналд Трамп, рече Лавров на заедничката конференција со неговиот ирански колега Абас Аракчи, како што објави новинската агенција Интерфакс.

Лавров додаде дека тој и Аракчи се согласиле да продолжат да работат на „неутрализирање на негативното влијание на нелегалните санкции врз економиите на двете земји“.

„Но, кога станува збор за употреба на еднострани принудни мерки, ние сме во целосна солидарност со Иран и голем број други држави. Се залагаме за формирање група заинтересирани страни кои ќе се спротивстават на ова беззаконие. Верувам дека овој процес сè повеќе ќе добива поддршка. Се согласивме да ги консолидираме членовите на меѓународната заедница кои ги делат овие пристапи“, рече Лавров.

Тој ги осуди намерите на САД да спроведат копнени воени операции во Венецуела, оценувајќи дека тоа ќе „елиминира“ секаква надеж за постигнување договор во рамките на сегашниот баланс на силите.

„Воинствените изјави на Пентагон дека, покрај нелегалните дејствија на потопување цивилни бродови без судење во Карибите, тие планираат и копнена операција. Сето ова ги поткопува надежите дека може да се постигне договор во рамките на сегашниот баланс на силите на меѓународната сцена. Сепак, САД остануваат отворени за дијалог“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори рускиот „Амазон“, има мртви и тешко ранети

Украина: Пет лица повредени во напад со дрон врз автомобил во Херсон

Двајца убиени, а шестмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Русија изврши ракетен напад врз Киев, тврди дека цел биле воени фабрики

Нојман: Германија не може да се бори против Русија без американско оружје

Горан Наумовски

Фридрих Мерц: Русија нема шанси за победа