Тројца насилници натепаа жена во куќа во Белград, а сопругот го натераа да и ја сече косата со бонсек

Од:

Полицијата во Белград ги уапси Д.А.(41), М.М.(45) и Ј.А.(38), кои се осомничени за принуда и загрозување на безбедноста.

Како што информираат српските медиуми, на 13 декември, по полноќ, во Нов Белград, насилно влегоа во куќата на 33-годишен маж и неговата 28-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреди удирајќи ја неколку пати со раце и нозе.

Полицијата соопшти дека Д.А., под закана со нож, го принуди мажот да ѝ ја исече косата на неговата сопруга со бонсек, а потоа осомничените си заминаа.

По интензивна потрага, полицијата ги пронајде и уапси насилниците.

Кај нив се пронајдени срп, синџир, нож-пеперутка, брич, бонсек и селотејп, за кои се сомнева дека се употребени при упадот во куќата.

Тие се приведени до 48 часа и, со кривична пријава, ќе бидат изведени во Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Екс кошаркарот Милан Гуровиќ спаси човечки живот за време на пожар среде улица

А1он

Тело на Русинка пронајдено во куфер во канал во предградие на Белград

А1он

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски

Вечер посветена на Нина Спирова во КИЦ Белград

ВИДЕО: Претепан писателот Владимир Арсенијевиќ во Белград, поради организирање на комеморацијата на геноцидот во Сребреница