ВИДЕО: Татко и син го извршија масакрот во Сиднеј, објавена снимка од пукањето

Од:

Бројот на загинати во терористичкиот напад за време на одбележувањето на еврејски празник на плажата Бонди во Сиднеј се зголеми на 16 лица. Најмладата жртва имала 10 години, а најстарата 87, соопштија локалните власти.

Нападот го извршија 50-годишен татко и неговиот 24-годишен син. Таткото загина на самото место во престрелка со полицијата, додека синот е во критична состојба и се наоѓа во болница под полициска заштита. Локалните медиуми ги идентификуваат осомничените како Саџид и Навид Акрам, пренесува CNN.

Австралискиот јавен радиодифузер ABC јавува дека истражителите не ја исклучуваат можноста напаѓачите да имале врски со терористичката организација ИСИС. Според извори од истрагата, во автомобилот на напаѓачите биле пронајдени две знамиња на ИСИС, иако полицијата на Нов Јужен Велс засега официјално не ја потврдила оваа информација. Нападот е опишан како антисемитски и терористички чин.

Очевидци изјавиле дека таткото и синот, облечени во црно, стоеле еден до друг на мал мост и пукале со огнено оружје кон луѓето на плажата. Полицијата соопшти дека таткото имал дозволи за шест парчиња оружје и верува дека сите биле користени во нападот.

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, потврди дека синот бил под надзор на безбедносните служби уште од 2019 година поради можни врски со екстремисти, но тогашната проценка била дека не претставува непосредна закана.

ABC дополнително наведува дека Навид Акрам имал блиски контакти со лице поврзано со ИСИС, уапсено во 2019 година поради подготовка на терористички напад во Австралија. Истражителите веруваат дека таткото и синот се заколнале на верност на ИСИС.

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк изјави дека таткото пристигнал во Австралија во 1998 година со студентска виза, а подоцна добил партнерска виза и од тогаш патувал во странство три пати.

Во рамки на истрагата, полицијата изврши претреси на два имота во западен Сиднеј – во предградието Бонириг и во Кемпси, каде што осомничените престојувале пред нападот. Австралиската безбедносно-разузнавачка служба соопшти дека нема да коментира за поединци или тековни истраги.

Полицијата нагласува дека истрагата е во тек и дека приоритет е целосно утврдување на мотивите и евентуалните пошироки мрежи поврзани со нападот.

Би можело да ве интересира

Десетгодишно дете, двајца рабини и преживеан од Холокаустот – кои се жртвите на масакрот во Австралија?

А1он

Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

А1он

ВИДЕО: Сите под 16 години во Австралија останаа без социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Австралиска крајно десничарска сенаторка носеше бурка во парламентот, предизвика хаос

(ВИДЕО) Тројца загинати во авионска несреќа во Австралија

А1он

Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија