Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Од:

Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Гостивар–Тетово, веднаш по клучката „Камењане“.

Во несреќата учествувале возило „мерцедес“ и „БМВ“. Повредените лица се пренесени со возила на Итната медицинска помош во Клиничкиот центар во Тетово, каде што им е укажана лекарска помош. Засега нема официјални информации за тежината на повредите.

Надлежните служби извршија увид на местото на настанот, а причините за сообраќајната несреќа се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево