(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

Од:

СДСМ денеска преку прес-конференција, на која се обрати Александар Саша Димитријевиќ, изрази сомнежи во врска со неодамнешното преземање на „Стопанска банка АД Битола“ од страна на српската Алта банка. Од партијата тврдат дека постојат сериозни индиции за можни нерегуларности и бараат надлежните институции да спроведат истрага.

Според СДСМ, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дал согласност за преземањето само два месеци откако Алта банка влезе во сопственичката структура. Димитријевиќ праша дали назначувањето на Славески на чело на НБРМ било поврзано со оваа зделка и дали одобрението било дадено „тивко и експедитивно“.

Партијата потсетува дека сопственик на Алта банка е српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој, според медиумски пишувања во Србија, за краток период од сопственик на менувачница станал сопственик на банка и на повеќе значајни бизниси. Српски опозициски кругови и медиуми поврзувале дел од неговите активности со власта во Србија, а Мацура бил споменуван и во контекст на лица под меѓународни санкции.

Од СДСМ наведуваат дека Европската централна банка претходно го спречила обидот Мацура да купи удел во австриската Адико банка поради сомнежи за потеклото на капиталот, а според „Фајненшл тајмс“, имало и истрага поврзана со можно перење пари преку Alta Pay.

„Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можна злоупотреба“, изјави Димитријевиќ, додавајќи дека е нејасно како НБРМ дала дозвола, иако ЕЦБ презела ригорозни мерки во ЕУ.

СДСМ тврди дека трансакцијата може да биде поврзана со „финансиско-политичка мрежа“ на актуелната власт. Притоа предупредуваат дека ситуацијата наликува на „српското сценарио“ и бараат истражните органи да проверaт дали преку зделката може да се отвори пат за влив на сомнителен капитал.

Од партијата бараат Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат официјална истрага, како и да се проверат потеклото на средствата и евентуалните ризици од перење пари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

Мицкоски: Ако Филипче најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски