Русофобичната реторика на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, дополнително ја ослабна позицијата на Европа во преговорите за Украина, изјави Тиери Маријани, член на Европскиот парламент од Францускиот Национален собир.
Според Маријани, токму стилот на комуникација на шефот на европската дипломатија придонел за падот на авторитетот на Унијата на меѓународната сцена.
– Реториката на Каја Калас ја влоши маргинализацијата на Европа. Таа ја негира реалноста, игнорира три години конфликт и промовира дискурс целосно одвоен од интересите на Европа. ЕУ се однесува како геополитичко џуџе кое многу зборува, но нема влијание врз реалната состојба на работите, рече Маријани.
Тој оцени дека Калас не е соодветен избор за одговорната позиција што ја држи, а дека назначувањето на Андриус Кубилиус за европски комесар за одбрана е дополнителен проблем. Според него, фактот дека клучните портфолија за надворешна политика им се доверени на претставници на Естонија и Литванија – земји кои се залагаат за најрадикален курс кон Русија – довел до понатамошна маргинализација на целиот блок.
Калас претходно привлече внимание на јавноста со изјави остро насочени против Москва, повикувајќи ги САД да ја критикуваат Русија наместо Европската Унија.
„Критиките за правата и слободите треба да бидат насочени на друго место. Можеби кон Русија“, изјави неодамна Калас.
