Што стои зад апликацијата на Wolt? Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност

Од:

Кога нарачуваме ручек или намирници преку апликацијата, ретко се прашуваме кој одлучува кој ресторан или продавница ќе го видиме прво, колку време ќе трае испораката или како се одредува цената. Овие одлуки ги донесуваат алгоритми, а Wolt објаснува како тие функционираат.

Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на вашите омилени јадења, се донесуваат од алгоритми, разбирањето како тие функционираат станува поважно од кога било претходно. Wolt, водечката платформа за дигитална достава, е една од ретките компании што отворено зборува за тоа. Компанијата, која во Македонија почна со работа од први април годинава, го објави својот Извештај за алгоритамска транспарентност, кој открива како технологијата зад апликацијата го обликува секојдневното корисничко искуство, ги поддржува партнерите и луѓето за достава и поставува високи стандарди за одговорно користење на вештачката интелигенција.

Извештајот за 2025 година покажува напредок во персонализацијата и ефикасноста на услугите на Wolt благодарение на напредните модели за машинско учење и генеративната вештачка интелигенција. Овие иновации овозможуваат попрецизни проценки на времето на испорака, автоматизација на клучните процеси и побрза комуникација помеѓу корисниците, партнерите и возачите на достава, додека се одржува човечки надзор и емпатија во секоја интеракција.

Посебно внимание во извештајот е посветено на транспарентноста на алгоритмите што влијаат на цените на доставата, препораките и распределбата на задачите. Разбирањето како функционираат овие системи, ја зајакнува и довербата на сите корисници на платформата. Резултатите покажуваат дека повеќе од 90% од партнер-доставувачите изразиле задоволство од нивото на јасност и достапност на информациите, додека партнерите бележат континуиран раст на видливоста и продажбата благодарение на дигиталните алатки и поддршката што ја обезбедува Wolt.

„Преку отворена комуникација, иновации и јасни објаснувања, сакаме да ги доближиме нашите корисници, партнери и партнери-доставувачи до тоа како функционираат нашите алгоритми, како ги заштитуваат личните податоци и како придонесуваат за создавање на најдобро можно корисничко искуство. Ова е единствениот начин да се изгради доверба и заедница што ја разбира технологијата зад секојдневните одлуки“, изјави Ѓорѓе Давидовиќ, генерален менаџер за Србија и Wolt Македонија.

Зад рестораните, пекарниците и продавниците што корисниците ги гледаат во апликацијата стојат локални бизниси кои допираат до нови купувачи и го прошируваат својот опфат преку платформата. Поголемиот дел од партнерите на Wolt се мали локални бизниси, 88% работат само на една до три локации. Овие партнери заедно остварија повеќе од пет милијарди евра продажба минатата година низ сите пазари на Wolt.

Извештајот е во согласност со клучните европски регулативи, вклучувајќи го Законот за дигитални услуги (DSA), Законот за вештачка интелигенција и Директивата за работа преку дигитални платформи. Со тоа, Wolt ја потврдува својата посветеност на одговорното користење на вештачката интелигенција и поставувањето стандарди за транспарентност во дигиталната економија.

Целиот извештај за транспарентност на алгоритмот Wolt можете да го прочитате тука.

За Wolt
Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки која има за цел да го олесни секојдневниот живот и да го стимулира економскиот раст во локалните заедници низ целиот свет. Платформата за испорака на Wolt, со помош на партнери за испорака, ги поврзува корисниците на кои им е потребна храна, намирници и други производи и услуги доставени од партнери, т.е. локални ресторани и продавници, кои на овој начин ја зголемуваат својата продажба. Wolt е основан во 2014 година и во 2022 се здружи со DoorDash, кој во 2025 година ја заврши аквизицијата на Deliveroo. Денес, Wolt е дел од DoorDash семејството и работи во повеќе од 30 земји.

Би можело да ве интересира

Wolt во Македонија – како глобалната апликација ја менува навиката за нарачување

А1он

Wolt+ стартува и во Македонија: „Нула денари достава“ со месечна претплата

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку Wolt го забрза својот развој

Предраг Петровиќ

Дали некогаш сте нарачале храна во парк, со WOLT можете – Majestic и Steffonator направија слепа дегустација на храна

Од студенти до луѓе што бараат дополнителна работа: Како доставувачите на Wolt ги балансираат пријателствата и дополнителната заработувачка

Што јадат скопјани – oва се петте најпорачувани јадења преку Wolt

A1on