Повторно во прекин e сообраќајот на „Евзони“ – „Богородица“

Од:

Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 17 часот е повторно блокиран за влез и излез. Автомотосојузот на Македонија претходно денеска соопшти дека сообрачајот на овој граничен премин е во прекин од 11 часот, а пота дека е нормализиран од 15 часот.

Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни периоди од денот е блокиран за сообраќај.

АМСМ вечерва информира дека од 17 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија), а на ГП Дојран се одвива непречено.

Како што информира Автомотосозјуот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, укажува АМСМ.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“