Уапсен е српски нарко-бос, запленети речиси 200 килограми дрога

Од:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека припадници на српското Министерство за внатрешни работи запленија 81,2 килограми кокаин и 110 килограми марихуана.

Покрај Министерството за внатрешни работи, во оваа акција учествуваше и УКП, како и Службата за борба против организираниот криминал, која ја предводеше меѓународната акција во која, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал, беа уапсени четири лица поради постоење основи на сомнение дека тие, како членови на организирана криминална група, сториле кривични дела здружување со цел извршување кривични дела и неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Дачиќ прецизираше дека е уапсен С.Ш.(38).

„Водачот на оваа организирана криминална група, С.Ш., е осомничен дека финансирал и организирал транспорт на дрога, додека транспортот и дистрибуцијата на наркотици го вршеле членови на ОКГ Д.С. С.Р. и Ј.П., користејќи ги правните деловни капацитети на компании чија дејност е патен товарен транспорт, кои С.Ш. ги основал на територијата на земјите од ЕУ“ – објасни Дачиќ.

Тој истакна дека за време на оваа меѓународна акција на територијата на Австрија во Виена, уапсен е државјанин на Србија – С.Р., а при претрес на неговото патничко возило и местото каде што работи, пронајден е и конфискуван кокаин со исклучително висока чистота со пазарна вредност од неколку милиони евра, а од него се одземени околу 15.000 евра.

„Исто така, на територијата на Шпанија, при контрола на едно од товарните моторни возила регистрирани на компанија во сопственост на С.Ш. во пристаништето во Барселона, пронајдена е и конфискувана марихуана во приколката на ова товарно возило скриена во легален товар, а во таа прилика е уапсен и член на оваа ОКГ, државјанин на Србија, Ј.П. Од осомничените се конфискувани и луксузни автомобили. Осомничените С.Ш. и Д.С., кои беа уапсени во Србија, се задржани до 48 часа и ќе бидат приведени во Јавното обвинителство за организиран криминал со кривична пријава“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Цариниците спречија шверц на 50.000 цигари

А1он

ВИДЕО: Автомобил заврши во куќа во Србија, објавена е снимка

(ВИДЕО) Крвава војна на кланови: изрешетан навивач на Партизан, цел би човекот кој прежвеа 10 атентати

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Полицијата пресретна „порше“ при брзина од над 233 километри на час

А1он

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Пауновиќ најавува нова ера: Го враќаме српскиот фудбал каде што му е местото