ВИДЕО: Со снимки од израелските напади на Газа, шпанската телевизија објави дека се повлекува од Евросонг

Од:

Националните радиодифузери на Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија пред неколку дена објавија дека ќе се повлечат од Евровизискиот натпревар откако беше потврдено дека Израел ќе учествува на следното издание.

Вирално стана видео од шпанската јавна телевизија во кое ја објавија оваа одлука со снимки од израелските напади врз Газа.

Шпанија и другите радиодифузери кои се заканија дека ќе го бојкотираат настанот го наведоа бројот на жртви во Газа и го обвинија Израел за кршење на правилата наменети за зачувување на неутралноста на натпреварот. Израел ги обвинува своите критичари дека започнуваат глобална кампања за клевета против нив.

По состанокот во Женева, Европската радиодифузна унија одлучи да не гласа за учеството на Израел, велејќи дека наместо тоа усвоила нови правила насочени кон обесхрабрување на владите да влијаат на натпреварот.

Пратеничката на Европскиот парламент и шпанска политичарка Ирене Монтеро беше една од првите што реагираше на оваа одлука на Шпанија и ја поздрави одлуката на Радио телевизија на Шпанија (RTVE) за бојкот и нагласи дека ова треба да претставува уште еден чекор кон целосно прекинување на односите со Израел.

Од октомври 2023 година, Израел уби повеќе од 70.000 луѓе, претежно жени и деца, и рани речиси 171.000 во нападите во Газа.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

(ВИДЕО) Газа е огромна масовна гробница: Под 60 милиони тони урнатини, сè уште лежат 10.000 палестински тела

ВИДЕО: Полицијата пронашла двајца голи и крвави мажи во собата за мачење во вилата на уапсените Срби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху