Бизнис секторот „за“ повисока минимална плата, но стравува од последици по инвеститорите

Од:

Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков вели дека се генерално „за“ минимална плата од 500 евра, но со одредени исклучоци, особено кај самостојните вршители на дејност и микро и малите компании кои сами за себе обезбедуваат работа и плата.

Од друга страна, според Бошков, нам ни е многу битен образот и конкурентноста и ние, како што нагласи, мораме да се договораме со синдикатите и со Владата каква порака ќе испратиме за привлекување на странски директни инвестиции и за квалитетот на животот на работниците во земјава.

-Од вчерашниот состанок со синдикатите се договоривме дека мораме да преговараме, мораме да развиваваме колективно преговарање на секторско ниво, затоа што минималната плата е инструмент кој гарантира стандард на работниците, меѓутоа не ја отсликува правата состојба и на потрошувачката кошничка и на животниот стандард на работниците, а уште помалку на исполнителноста на задачите на работниците. Секој во секој сектор, нагласи Бошков, мора да знае неговиот работник колку работи и не може тоа да биде паушално кажано за сите и од друга страна, изјави Бошков.

Бошков, исто така, укажа и дека тие како организација не е можно да ги застапуваат само бизнис интересите на скопските компании.

-Ние сме за. Ние за да можеме да го подигнеме нивото, како организација на работодавачи соработуваме и со занаетчиите, тие се нашите партнери. Ние точно знаеме самостојните вршители на дејност во Гостивар, во Виница, во Тетово, во Струмица го немаат истото ниво на економски обем како во Скопје и ние како национална организација мораме тоа да го соопштиме, изјави Бошков.

Прашан дали како конфедерација прават анализи колку од работниците се задоволни од платата и приходите што ги добиваат, Бошков вели дека постојано прават анализи, но и дека плата и пари секогаш недостасуваат, а задоволството и припадноста во една компанија за некои работници и компании е примарно.

-Правиме анализи секогаш. Некои од работниците нормално се е тоа до колтурата на комапнијата и до културата и воспитанието на работникот и начинот на кој ја оставрува работата. Ако некој е убеден дека е задоволен од својата работа и професија, тогаш работи лојално и со волја и изнаоѓа начин како да биде продуктивен и задоволен од тоа, изјави Бошков.

Вообичаено, според Бошков, македонскиот работник добива плата помеѓу минималната и просечната плата, за кое, како што рече „нема протести и штрајкови во однос на платата во приватниот сектор“.

-Тоа се факти. Секогаш има можност да се подобрат состојбите и секојпат се преговара. Во одредени компании тоа е многу често, меѓутоа генералната слика дека може да се зголемат платите стои и точно е, меѓутоа и дека има многу незадоволни работници, исто така, стои, изјави Бошков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи планови во Скопје: Македонија и Србија градат економски пазар од 10 милиони луѓе

Поради здравствени причини, Мицкоски изостанува од македонско-српскиот бизнис форум

Горан Наумовски

Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра, покажува анкета на ССМ

Според ВРЕДИ законското усогласување на минималната плата во март е „нова економска ера“

Минималната плата во Косово во 2026 година – 500 евра

А1он

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку Wolt го забрза својот развој

Предраг Петровиќ