Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.
Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од осум до 14 часот.
Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.
