Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 25 метри има на патниот правец од село Гајре – Попова Шапка и од 50 – 70 метри на планинскиот превој Стража.
Од ЈП Македонија пат информираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
