Жељко Обрадовиќ се огласи за прв пат откако поднесе оставка од тренерската позиција на Партизан и отворено проговори за тоа што се случи.
Најтрофејниот европски тренер објасни зошто и под кои околности е донесена таква одлука, која навистина ја потресе целата кошаркарска јавност во Србија.
Тој објасни кој бил најтешкиот момент во неговиот живот, а имаше и порака за навивачите на Партизан.
„Овој клуб ќе живее без Жељко Обрадовиќ. Ќе живее без сите тие големи имиња кои поминале низ него. Да не спомнуваме, знаете дека сум горд на нашата историја“, рече Обрадовиќ.
„Се надевам дека ова не ми е последен пат во Партизан. Времето ќе покаже како и кога. Не можам и не сакам да го кажам тоа. Сите се надеваме и сакаме подобри времиња. Ако и кога – се надеваме. Ви благодарам на сите со кои работев, играчи, членови на одборот на директори, луѓе од клубот“, заклучи Обрадовиќ.
