Предраг Мијатовиќ го напушти Партизан

Од:

На 1 јуни, Предраг Мијатовиќ поднесе оставка од функцијата потпретседател на Партизан, откако едвај доби глас за доверба на Собранието на клубот.

Сепак, славниот фудбалер официјално остана дел од клубот од Хумска, но и тоа сега е променето.

Како што дознава српски „Курир“, Предраг Мијатовиќ поднесе оставка од функцијата член на Собранието на Партизан.

Заедно со Расим Љајиќ, Данко Лазовиќ и Милко Форцан, Мијатовиќ пристигна во Партизан на 21 октомври 2024 година како дел од привремена група, а нивните раководни функции беа потврдени на Собранието на клубот во јуни 2025 година.

Само една година подоцна, по внатрешни и јавни судири, Мијатовиќ ја напушти Хумска и од денес повеќе не е дел од Собранието.

Откако ја доби поддршката од мнозинството на Собранието одржано на 1 јуни 2026 година, Мијатовиќ поднесе оставка, а потоа одговараше на прашања од новинарите.

Тогаш изјави дека би гласал против себе доколку знаел оти ќе добие поддршка „за влакно“. Доби 11 гласа „за“ и 20 „против“, со четири воздржани.

„Поминав за влакно, со само еден глас разлика. Да знаев, ќе гласав против себе. Сите поминавме на Собранието, а тоа е ненормално и неодржливо. Го чекав ова Собрание за да видам кој ужива доверба. Ја добив довербата, што ме радува, но и ме загрижува, бидејќи по четири месеци несогласувања и расправии, малку ми е чудно: се лутиме и работите не одат, а сега сме во ред, денес е нов ден. Не знам како да почнам… Морам да поднесам оставка од функцијата. Ако Управниот одбор може да донесе некој што има поинаква визија, тогаш јас не можам да продолжам под овие принципи“, изјави тогаш Мијатовиќ.

„Поентата не е дали поддршката е поголема или помала. Немав можност да го претставам мојот план дури ни на Собранието. Пред сè, спортскиот дел. Се наметнаа теми што не се во мојот домен, како финансии, струја, вода… Не можев да го претставам мојот план“ рече тој.

И покрај сè, не зажали што се врати во клубот.

„Апсолутно не жалам за ниту еден час поминат на стадионот. Имаше и убави и тешки моменти. Имаше позитивни работи. Резултатот ве дефинира и ја крои вашата иднина. Би го направил тоа повторно. Само се обидов да го доближам европскиот фудбал до нашите прилики, бидејќи не можеме да се пофалиме дека српскиот фудбал цвета, ниту во лигата, ниту во репрезентацијата. Се обидов тоа да го спроведам, понекогаш на поостар и за навивачите неразбирлив начин. Тоа е мојот начин на функционирање“ порача Мијатовиќ.

Би можело да ве интересира

Падна договор: Ловерњ во Партизан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се појави снимка од тепачката меѓу Делиите и жандармеријата во ходникот на Арената, летаа ракети и кофи, а потоа „избувна“ стампедо

Горан Наумовски

Жестоко белградско дерби: Провокација за навивачите на Партизан, ја запалија трибината

Катастрофа на кошаркарите на Партизан во Литванија

А1он

(ВИДЕО) Крвава војна на кланови: изрешетан навивач на Партизан, цел би човекот кој прежвеа 10 атентати

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Емотивно обраќање на Обрадовиќ: Партизан ќе живее и без мене

А1он