Обрадовиќ за изборите во Србија: Да му покажеме на целиот свет дека сме многу горд народ!

Од:

Српскиот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ и додека беше кормилар на Партизан, но и сега во Панатинаикос не сакаше да изнесува политички ставови.

Сега во разговор со грчките медиуми во Атина, каде што и гласаше, порача „Пред сè, многу ми е драго што вчера во мојата земја се одржаа избори и што голем број луѓе излегоа да гласаат. Тоа значи дека луѓето многу добро ја разбираат ситуацијата во која се наоѓа нашата земја“.

Тој потсети на својот став изнесен пред речиси две години, кој од една страна беше поздравен како поддршка, а од друга страна наиде на сериозни критики.

– Мојот став во врска со „студентите“ (младите) е нешто што сите добро го знаат. За тоа зборував уште пред две години. Можам само да кажам дека сум задоволен од резултатот и им посакувам сè најдобро на младите луѓе. Сакам тие да разберат дека нашата земја мора да биде вистински демократска држава и да му покаже на целиот свет дека сме многу горд народ – рече Обрадовиќ и заклучи:

„Верувам дека ќе знаат како да се справат со оваа ситуација“.

Жељко Обрадовиќ секогаш се трудеше да се дистанцира од политиката. Никогаш не беше член на ниту една политичка партија, ниту пак јавно поддржуваше партиски кампањи.

Тој постојано нагласува дека секогаш се обидува да биде независен и професионален.

Би можело да ве интересира

Жељко Обрадовиќ нов тренер на Панатинаикос

Обрадовиќ: „Ја преземам одговорноста – стојам зад одлуката за заминување“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Емотивно обраќање на Обрадовиќ: Партизан ќе живее и без мене

А1он

ВИДЕО: Тензии пред Арена – Навивачите на Партизан создадоа хаос и испратија јасни пораки

Клубот потврди: Обрадовиќ не е повеќе тренер на Партизан

Судбината на Обрадовиќ во Партизан останува непозната