„Мајами Хералд“: Трамп му постави ултиматум на Мадуро веднаш да се повлече

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно му дал ултиматум на венецуелскиот претседател Николас Мадуро веднаш да се повлече од функцијата, но Мадуро го отфрлил, барајќи „глобална амнестија“ за себе и неговите сојузници, објави денес „Мајами Хералд“, повикувајќи се на неименувани извори.

„Можете да се спасите себеси и вашите најблиски, но мора да ја напуштите земјата сега“, наводно му рекол Трамп на Мадуро за време на телефонскиот разговор минатата недела, нудејќи безбеден излез за Мадуро, неговата сопруга и син „само ако (Мадуро) се согласи веднаш да поднесе оставка“.

Мадуро наводно одбил и упатил низа контрабарања, вклучувајќи имунитет од гонење низ целиот свет и дозвола да се откаже од политичката контрола, но да ја задржи контролата врз вооружените сили.

Би можело да ве интересира

Пројде рокот на лиценцата за руската нафта, Трамп најавува нови санкции

Трамп: Иран се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

Трамп: Пуштете ја нафтата да тече, договорот со Иран е завршен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Tрамп вели дека ја завршил војната со Иран: Откриено е што е подготвен да потпише

Трамп најави воен напад и освојување на клучен ирански остров