Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

Од:

Вишиот управен суд, на седницата одржана на 6 ноември 2025 година, донесе Решение со кое жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одбиена како неоснована. Со ова, како што соопшти денеска АВМУ, се потврди претходно донесеното Решение на Управниот суд, со кое беше отфрлен предлогот на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Ова Упатство, Агенцијата го донесе за да го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес, се наведува во соопштението.

Вишиот управен суд оцени дека претходно донесеното решение на Управниот суд е правилно и законито и дека со него не е повреден законот на штета на политичката партија Левица.

-Со ова, како и со претходните решенија на Управниот суд и Основниот граѓански суд, уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и работи професионално, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го одби амандманот за ин-витро ваучери

Горан Наумовски

Левица: Енергетска политика на „варена жаба“ ја турка државата во сиромаштија

Крмов: Зошто Владата одбила бескаматен кредит понуден од Кина?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев кон Милошовски: Искористете го правото да го откочите Законот за бранителите или ќе поднесеме интерпелација

(ВИДЕО) Левица побара породилното отсуство да трае 12 месеци, власта го одби барањето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Исмаил: Состојбата е ужасна, 4.000 деца чекаат за упис во градинки во Скопје, во групите има по 40 деца со една негувателка