Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Од:

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Полициски службеници од СВР Струмица денеска ги уапсија Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.

– Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот,стои во полициското соопштение.

За настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица