Левица: Енергетска политика на „варена жаба“ ја турка државата во сиромаштија

Од:

Левица остро ја осудува одлуката за најновото поскапување на парното за 5%, како и најавата за раст на цената на струјата од јануари. Овие одлуки не се само технички бројки во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), туку јасен доказ за хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот удар врз стандардот на граѓаните, велат од партијата.

– Најавата дека ЕСМ ја нуди струјата по 65 евра/MWh целосно ја демантира владината приказна за стабилност и сигурност во снабдувањето. Граѓаните ја плаќаат струјата двапати, преку зголемените сметки и преку буџетски средства со кои Владата ги субвенционира цените, со што ја прикрива штетата од своите погрешни политики и скапи менаџерски одлуки.

РЕК наместо да го штити јавниот интерес настапува како сервис на монополските компании. Со непроблематично прифаќање на нивните трошоци и без реална проверка на ефикасноста, ги претвара своите одлуки во инструмент за озаконување повисоки тарифи на сметка на граѓаните, додека компаниите стопанисуваат со инфраструктура изградена со јавни пари и самопридонес.

Во услови на инфлација и растечака енергетска сиромаштија секое ново „само 5%“ покачување претставува директен удар врз достоинствениот живот на илјадници домаќинства. Наместо вложување во домашно производство, обновливи извори и енергетска ефикасност, Владата толерира стареење на мрежата, енергетска зависност од увоз и одлив на профит кон приватен и странски капитал, а народот се третира како „варена жаба“, навикнуван на постепено уништување на сопствениот стандард.

Левица ја одбива оваа политика на тивко варење на народот и бара итно ревидирање на најновите одлуки на РЕК, јавно објавување на пресметките и проектите кои ќе се реализираат со парите од поскапувањето, независна анализа и одговорност за работењето на ЕСМ, промена на методологиите за формирање на цени со вградена заштита на стандардот на граѓаните, воведување на јавни мерки за помош на енергетски сиромашните домаќинства и транспарентни јавни расправи пред секое значајно ценовно поскапување.

Левица ќе продолжи да се спротивставува на политиките кои го штитат профитот на монополите на сметка на граѓаните и ќе се бори за враќање на клучните енергетски компании во рацете на народот, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица