Син ми Антонио беше жртва на труењето во „Димо Хаџи Димов, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги демантираше написите во одредени медиуми дека неговиот помал син, кој посетува настава во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во кое пред неколку дена имаше труење, бил хоспитализиран и во тешка состојба. Мицкоски кажа дека детето дека примало инфузија и не оди на училиште, оти денеска е подобар и се надева оти в понеделник ќе започне да посетува настава заедно со неговите другарчиња.

– Антони беше дел од таа група на дечиња што им се случи тоа што им се случи, тоа труење. Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека е хоспитализиран. сакам да демантирам. Не беше. Беше во состојба во која беа и сите други дечиња. Имаше некои кои, за жал, правеа таква драма. Морам да признаам дека тоа не е вистина. Инаку да, и тој беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште. Тој е храбро момче, пргаво, динамично, сака да се дружи. Претпоставувам во жарот на тоа дружење, он е целоднавна настава на училиште, биле на ручек, конзумирале иста храна, рече Мицкоски.

Премиерот изјави дека остава институциите да испитаат и да кажат дали труењети е од храната или е од нешто друго.

– Јас колку што знам е дека Агенцијата за храна и ветеринарство и ИЈЗ ги прават тие неопходни инспитувања така што да почекаме да не даваме суд. Денеска е веќе подобар и се надевам дека од понеделник ќе се врати заедно со неговите другарчиња на нормално функционирање на училиште, рече премиерот пред конференцијата „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“, што ја организира Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски