Путин: Војната ќе заврши кога украинските трупи ќе се повлечат од окупираните територии

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е во тридневна дипломатска посета на Киргистан, каде што изјави кога ќе заврши војната во Украина.

„Кога украинските трупи ќе се повлечат од окупираните територии“, изјави Путин пред новинарите во Бишкек.

Путин се закани дека ако украинската армија не се повлече од одредени територии, Русија ќе го постигне тоа, како што рече, „со воени средства“.

Рускиот лидер, исто така, рече дека САД и Украина, по разговорите во Женева во недела и понеделник, одлучиле сите 28 точки од планот на Трамп да се поделат на четири дела.

„Информирани сме за сето ова. Генерално, се согласуваме дека ова може да се искористи како основа за иден договор. Русија е подготвена да разговара со Америка за прашања од стратешка стабилност“, рече Путин.

Тој додаде дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се подготвува да се сретне со своите американски колеги.

„Можеби, ако ги спроведеме сите предлози што ги добивме на листата што ни ја даде американската администрација, може да се појават услови за билатерални контакти. Но, премногу е рано да се зборува за тоа“, рече Путин.

Рускиот лидер рече дека на Русија ѝ е потребно меѓународно признавање на нејзините одлуки за Украина.

Кога станува збор за евентуалното враќање на Русија во Г8, што е дел од европскиот план за решавање на конфликтот во Украина, Путин рече дека тоа е можно, но под одредени услови.

Пред тоа, Путин оцени дека, „што се однесува до Г7 или Г8“, Русија дури и не побарала да се приклучи таму.

„Еднаш бевме поканети таму, така влеговме во таа група“, нагласи Путин, но исто така предупреди:

„Во сегашната ситуација, навистина не можам да замислам дека ќе комуницираме директно со земјите од Г7. Можете ли воопшто да го замислите тоа? Значи, тие пристигнаа, рекоа „здраво“, а сега ќе се намрштиме и ќе се гледаме?“

Во врска со состанокот на претставници на руските и украинските разузнавачки служби во Абу Даби оваа недела, Путин рече дека тој се одржал на иницијатива на украинската страна, а дека Москва била претставена од член на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Би можело да ве интересира

Медведчук: Украина размислува за евакуација на луѓе од Киев и Одеса

„The British Army Review“: Борис Џонсон спречи мир меѓу Русија и Украина во 2022 година

Дрискол ги предупреди украинските власти за веројатен пораз на фронтот

Горан Наумовски

Дрискол: Украинските трупи се соочуваат со тешка ситуација на бојното поле и ќе претрпат целосен пораз

Горан Наумовски

Трамп: Во најдобар интерес на Украина е да постигне договор со Русија

Песков: Прерано е да се зборува за можен мировен договор за Украина