ВИДЕО: Власта и опозицијата се раскараа за екстрадицијата на Груевски на пратенички прашања

Од:

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања обвини дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија, дека политиките на актуелната власт се копија на матрицата на Груевски. Талески упати пратеничко прашање до министерот за правда, Игор Филков, дали Министерството за правда има поднесено ново, обновено барање за екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски.

„Во јавноста, но и во политичките кругови, интензивно се зборува за нешто што сериозно ја загрижува македонската јавност: дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија,“ истакна Талески.

Тој нагласи дека до него стигнале информации и луѓе блиски до актуелната власт, дека „постои план, сценарио за создавање клима во која бегалецот од правдата би се вратил во земјата.“

Во своето обраќање Талески предупреди дека политиките на актуелната власт се копија на матрицата на Груевски:

„Злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, АНБ, УЈП, инспекции… Напад врз независни институции, политичка хајка против опозицијата, меѓународна изолација, блокирани реформи – се само копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски.“

Тој потсети дека „Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски. Тој е неговиот политички ментор, неговиот учител, неговиот модел.“

Во таа насока, Талески ја отвори и клучната дилема: дали Владата работи „тивко, под радар“ на сценарио за амнестија и намерно не поднесува барање за екстрадиција на Никола Груевски.

„Дали Министерството за правда има поднесено ново, обновено барање за екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски? Барам конкретен одговор со ‘да’ или ‘не’.“ рече Талески.

Министерот за правда Игор Филков рече дека се додека некое лице ужива азил, екстрадицијата ја одбиваат. Состојбата внимателно се следи и кога ќе се создадат услови ќе се поднесе ново барање, што впрочем е исто како за секој предмет за екстрадиција.

– Министерството за правда нема ништо заедничко со тоа министерство што го имавте вие во вашето време кога заедно со Артан Груби , Али Ахмети договаравте кој каде ќе избега. Ова Министерство си ги бара сите бегалци, но вие говорите за политички азиланти ако доволно ве следев. Што значи, дека секојпат кога ќе бидат создадени услови, Министерството за правда повторно ќе си ги бара своите граѓани. Во меѓувреме треба да дадете одговор каде се оние другите со кои што вие договаравте бегство”,потенцира министерот Филков.

Министерот за правда Игор Филков му порача на СДСМ да има сериозен пристап и да се занимава со реална работа.

– Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Значи, да се совземете, да се бидете сериозни затоа што не е добро тоа за вас ниту како опозиција ниту за државата да се занимавате со циркус а не со реална работа .Тоа граѓаните ви го кажаа и на последните избори а убеден сум дека и следниот пат кога и да бидат парламентарните избори ќе ве пратат во историјата”,рече Филков.

Би можело да ве интересира

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Талески: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја

Филков: Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“ – ќе има име и презиме за секоја одлука

А1он

Препораките од ОБСЕ/ОДИХР се вградени во Изборниот законик, вели Филков