Прославениот српски тренер – Жељко Обрадовиќ не е повеќе тренер на кошаркарскиот клуб Партизан. Тоа го потврди клубот откако го објави писмото на трофејниот европски тренер, упатено до јавноста и навивачите.
„Почитувани навивачи на Партизан,
Пред 4,5 години се вратив во мојот сакан клуб и ѝ заедно со Вас почнав да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел нашиот Партизан по 10 години да биде дел од Евролигата, заеднички успеавме во тоа. Натпреварите на нашиот сакан клуб станаа повеќе од кошарка, благодарение на Вас и Вие сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде моментот кога мора да преземам одговорност за сите лоши работи кои се случија сезонава и поднесувам неотповиклива оставка.
Сакам да се заблагодарам на сите кои помагаа за нашиот клуб сите овие години, претседателот на клубот и на сите членови на Управниот одбор, на сите вработени, како и на спонзорите. Благодарен сум им на играчите, кои беа тука изминативе 4,5 години, на мојот стручен штаб и огромна благодарност до сите навивачи на Партизан. Ви благодарам на поддршката, почитта и љубовта која ми ја дававте сите овие години.
Секогаш еден од вас, вечно благодарен“ се вели во писмото на Обрадовиќ.
