(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Од:

Седницата на српскиот Парламент, закажана за 10 часот, на чиј дневен ред е Предлог-буџетот за 2026 година, не започна поради инцидент пред Парламентот.

Пратениците од опозицијата ја пробија оградата на булеварот Крал Александар што ја дели таа улица од кампот пред Парламентот.

Пратениците од опозицијата со моторна пила ја пресекоа жицата што ги поврзува оградите пред зградата на Народното собрание. Меѓу нив беа Здравко Понос, Петар Бошковиќ, Стефан Јањиќ, Мариника Тепиќ, Александар Јовановиќ Чута, Роберт Козма, Душан Никезиќ, а потоа се упатија кон влезот во зградата на Народното собрание, каде што се случија тепачки и вербални препирки со група граѓани.

Пратениците од опозицијата и групата граѓани беа разделени од полицијата.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Се урна таванот во супермаркет, повредени најмалку 38 луѓе

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите