Потпишан Анекс на Протколот за размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Фондот на ПИОМ

Од:

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, денеска потпишаа Анекс на Протоколот за размена на податоци.

Со него се дополнува Протколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции.

„Сметам дека соработката меѓу нашите институции е на задоволително ниво. Со потпишувањето на Анексот ќе се придонесе размената на податоците да се одвива подобро и ќе се овозможи полесно остварување на правата од ПИО, рече директорот на Фондот, Никола Мемов. Тој додаде дека секој чекор што ќе придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од ПИО е за поздравување.

„Со овој Анекс ќе се придонесе соработката помеѓу Управата и Фондот да биде уште подобра и попрецизна“, рече директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова. Таа нагласи дека од големо значење е размената на искуствата и континуирани средби за да се решаваат проблемите кои се појавуваат во секојдневната работа, со што ќе се придонесе во подоброто остварување на надлежностите.

На средбата стана збор и за други прашања од интерес на двете институции.

Би можело да ве интересира

Директорот на Фондот на ПИОСМ се сретна со шефот на Мисијата на Светска банка

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионери , Промедика Офталмологија и Систина Офталмологија

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Мемов: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар, Горан Герасимовски

Горан Наумовски

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Мемов: Дали Газменд Максимовски кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на улица Самоилова?

Горан Наумовски