Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја прослави победата на партискиот кандидат Синиша Каран на предвремените избори за претседател на Република Српска. Во својот препознатлив стил, Додик ја испеа “Само тако, само тако…“.
Прославата во СНСД траеше до доцна во ноќта, а улиците на Бања Лука одекнуваа со сирени од славенички колони возила, објавува Аваз.
У Републици Српској се вечерас пјева. У Федерацији се плаче и није нам жао!
Предсједник свих предсједника! pic.twitter.com/45kydMuKlW
— Саша Шарчевић (@saarcevic2901) November 23, 2025
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина, Јован Калаба, доцна синоќа ги објави прелиминарните и нецелосни резултати. Според податоците од обработените 92 проценти од гласачките места, кандидатот на СНСД Синиша Каран освои 200.116 гласови, или 50,89 проценти.
Неговиот главен противник, Бранко Блануша од СДС, ја доби довербата на 188.010 гласачи, или 47,81 процент од гласовите.
Изборниот штаб на СНСД, предводен од Милорад Додик, прогласи победа дури и пред официјалните резултати. Од друга страна, СДС соопшти дека не го признава исходот од изборите. Вршителот на должноста претседател на СДС, Јовица Радуловиќ, изјави дека партијата не ја признава победата на Синиша Каран како претседател на Република Српска.
Централната изборна комисија објави дека ќе објави нови податоци подоцна денеска.
