Фон дер Лајен испрати порака од сред состанокот во Женева: „Границите на Украина не можат да се менуваат со сила“

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека границите на Украина не можат да се менуваат со сила и дека нејзината армија не може да се намали и да се остави ранлива на напади.

Таа, исто така, додаде дека Европската Унија мора да игра централна улога во мировниот договор за Украина.

Изјавата на Фон дер Лајен доаѓа во време кога високи претставници од Соединетите Американски Држави, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија водат разговори во Женева за нацрт-планот на Вашингтон за прекин на војната во Украина.

„Секој кредибилен и одржлив мировен план пред сè треба да го запре убивањето и да ја заврши војната, а не да сее семе за иден конфликт“, рече шефицата на Европската комисија. Таа потсети на главните елементи потребни за праведен и траен мир и суверенитет на Украина.

„Прво, границите не можат да се менуваат со сила. Второ, како суверена нација, не може да има ограничувања за украинските вооружени сили што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност. И трето, централната улога на Европската Унија мора целосно да се одрази во обезбедувањето мир за Украина. Украина мора да има слобода и суверено право да ја избере својата судбина. Таа ја избра европската судбина“, рече Фон дер Лајен.

Преговорите за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина започнаа денес во Женева.

Украина во моментов има средби со претставници на своите европски сојузници, Германија, Велика Британија и Франција, а следниот чекор се разговори со американската делегација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со Фламинго, Украинците погодија клучна фабрика во Волгоград

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

На руските гимнастичари во Романија им билo забрането да го истакнат руското знаме

ВИДЕО: Прогласена вонредна состојба на Крим

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови

Ситуацијата на границата со Русија е нестабилна, очекуваме ескалација, предупредува полскиот премиер

Катерина Ѓуровски