(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Од:

Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од судството и обвинителството повторно го става фокусот на зголемување на платите, наместо на клучните сегменти како ефикасност, независност и брзо решавање на судските предмети. Иако располагаат со значителни примања, јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на застојот на предмети или пак поголема отчетност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференција на Валентин Манасиевски.

– Ги прашуваме овие поединци кои се гласни за поголеми плати, а не за извршување на обврските, зошто вака бурно не реагираат кога предметите стојат по фиоки со години? Зошто нема револт кога граѓаните со право бараат правда и одговорност? Секогаш кога се бара резултат, одредени лица се кријат зад оправдувања за наводни притисоци, наместо да покажат професионална посветеност. За нештата да бидат појасни, Македонија издвојува 0,39% од БДП што е едно од највисоките во регионот и Европа.

А сега кога говориме за кадарот, Германија има околу 25 судии и 8 обвинители на 100.000 жители, додека Македонија има 22 судии и 9 обвинители. Но клучната разлика е во ефикасноста. Германските судии завршуваат околу 800 предмети годишно, додека пак македонските само од 170 до 200 предмети. Притоа, македонските судии и обвинители земаат од 2,3 до 3,2

Граѓаните не треба да чекаат 5 до 10 години за правосудна разрешница. Наместо приоритет да бидат личните привилегии, приоритетот мора да биде правдата, ефикасното судење и независноста. Очекуваме од судството и обвинителството да си ги засукаат ракавите и да ја исполнат својата обврска кон граѓаните, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Граѓаните направија вистински избор, гласаа за работа, перспектива и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на „Марковски компани“ од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството