Приведен бил 24-годишен кавадарчанец, кој со 1,59 промили алкохол во крвта управувал возило, соопштија од Секторот за внатрешни работи во Велес.
-Денеска на улица „Ѓорѓи Соколов“ во градот, полициски службеници го уапсија Д.А.. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген транспортер“ под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.59 промили алкохол во крвта, информираа од СВР – Велес.
Пијаниот возач е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, како што појаснија, против него ќе биде поднесена пријава.
