Лавров за откажувањето на средбата Путин – Трамп во Будимпешта: Виновни се „извештаите зад сцената“

Од:

„Извештаите зад сцената“ што ги доби американскиот претседател Доналд Трамп се причина за откажување на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Унгарија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

„Не знам од каде и од кого дојдоа тајните извештаи до американскиот лидер, по што тој или го одложи или го откажа самитот во Будимпешта“, рече Лавров.

Тој не даде докази, но во исто време ги нарече „лажни“ извештаите дека самитот не се одржал поради вина на Русија.

Лавров рече дека неговата теза наводно е потврдена со хронологијата на настаните по средбата на претседателот во Алјаска.

Според рускиот министер, американскиот концепт за постигнување мир, кој во Москва го презентираше специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, наводно се темели на отфрлањето на приемот на Украина во НАТО и признавањето на „територијалната реалност“ од страна на Киев – предавањето на пет окупирани региони под руска контрола.

Лавров истакна дека во Алјаска, Путин дал „позитивен одговор“ на овој концепт и предложил тој да се земе како основа, но Трамп одлучил да се консултира со своите сојузници и на крајот не се вратил на темата.

Според зборовите на министерот, немало реакција дури ни од државниот секретар Марко Рубио, кога се сретнал со Лавров во септември во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Лавров: Работиме на наредбата на Путин за можна руска нуклеарна проба

Катерина Ѓуровски

Кремљ за наводната кавга меѓу Лавров и Путин: Нема ништо вистина во тие извештаи

А1он

Лавров: Европа се подготвува за војна

А1он

Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп

А1он

Лавров: Планот на Трамп за Газа е најдобрата работа што моментно е на маса

А1он

Лавров: Секоја агресија врз нашата земја ќе биде дочекана со решителен одговор

А1он