Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии.

-Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада додека сум јас премиер наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем јас додека сум претседател на Владата. Ако дојде некој друг нека тераат друга политика, одговори Мицкоски, по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

Според Мицкоски, додека е тој претседател на Влада, „вакви предавства и капитулации нема да се случуваат“.

Премиерот Мицкоски во повеќер наврати кажа дека неговата Влада нема да дозволи уставни измени без конкретни обврски од источниот сосед и јасни гаранции од Европската Унија, при што истакна дека очекува и доследно почитување на меѓународното право како предуслов за напредок.

Би можело да ве интересира

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Мицкоски и Савески разговарале телефонски, ама за детали за предметот со мазутот не станало збор

А1он

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски