ВИДЕО: 79 повредени во судир на возови во Словачка

Од:

Седумдесет и девет лица се повредени во судир меѓу два патнички воза во близина на словачкиот главен град Братислава, соопштија денес властите, пренесува vol.at.

Ниту еден од учесниците во несреќата што се случи вчера вечерта не е во животна опасност. Повредените се префрлени во болници, соопшти службата за итна медицинска помош. Прелиминарните извештаи покажуваат дека регионалниот воз го игнорирал знакот „стоп“ и преминал на пругите кон Братислава, каде што се судрил со брз воз, соопшти железничката компанија ЗСР.

Точните околности од несреќата и натаму се истражуваат, изјави шефот на ЗСР Иван Беднарик за новинската агенција ТАСР. Јавната телевизија СТВ извести дека во двата воза имало околу 800 патници, повикувајќу се на податоците на министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток.

Според СТВ, многу од патниците биле студенти кои се враќале во Братислава од нивните родни места.

Би можело да ве интересира

Партијата на европските социјалисти го исклучи од членство Роберт Фицо

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Пелгрини: ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја затоа што доаѓа момент кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат

Сиљановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција

Словачка: Во железничка несреќа најмалку 100 повредени

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев