Еден убиен и еден тешко ранет во ресторан во Виена – напаѓачите се во бегство

Од:

Пукотница се случи синоќа во бар во виенскиот кварт Отакринг, едно лице е убиено, а друго е тешко повредено и се бори за живот.

Напаѓачот и неговиот соучесник се во бегство, а полицијата започна опсежна потрага, пишува австрискиот „Кронен цајтунг“.

Инцидентот се случи околу 21:45 часот во турски ресторан на улицата Пајергасе. Според првичните информации, на сè претходела расправија, по што еден маж извади огнено оружје и испука неколку куршуми кон други двајца мажи.

Жртви на нападот се двајца мажи од чеченска националност. Едниот од нив почина на местото на настанот, наводно од прострелна рана во стомакот, додека другиот е пренесен во болница со повреди опасни по живот.

Мотивот за конфликтот сè уште не е познат.

Познаници на жртвите изјавија дека сторителот би можел да биде Србин, но истражителите веруваат дека станува збор за австриски државјанин со мигрантско потекло, пренесува Кронен.

Веднаш по пукањето, започната е голема потрага во неколку виенски области. Пошироката област околу местото на злосторството беше блокирана од безбедносни причини, а полициската акција траеше до доцна во ноќта.

Би можело да ве интересира

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он