Бројот на загинати во пожарот во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13.
Пациент кој беше хоспитализиран на Клиниката за анестезиологија и реанимација почина синоќа, јавува N1.
Моменталниот број на хоспитализирани пациенти на Клиниката за анестезиологија е 13.
Пожарот избувна во вторникот вечерта. Во пожарот се повредени повеќе од 30 лица.
Меѓу повредените има тројца полицајци, шест пожарникари, а останатите се или корисници на Домот за стари лица или вработени.
Директорот на Домот за стари лица, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка по трагедијата.
